Ракометарот на Вардар и на селекцијата на Хрватска, Анте Гаџа, не крие дека со пиетет гледа кон селекцијата на Холандија. Денешната пресметката меѓу двете селекции нема никакво значење за пласман во полу-финалето.
„Играат убав ракомет, можеби најубавиот на турнирот. Брзи се, непријатни, во одбраната ќе имаме многу работа. Тие се многу опасни на контри, тоа им е најголемиот адут, на тоа ќе треба да се насочиме“- вели Гаџа.
Холандија која претходно има само еден настап на континеталните собири, за мечот Хрватска ќе биде без 5 стандардни првотимци кои се заболени со Ковид-19.