Ракометарите на Хрватска денеска ќе го одиграат последниот меч на Европското првенство. Тие во попладневните часови ќе излезат на мегдан со Холандија.
„Лалињата“ се вбројуваат меѓу најпријатните изненадувања на континеталниот собир. Тоа го потврдува и селекторот на „коцкестите“, Хрвоје Хорват.
„Холанѓаните се најголемото изненадување. Го исфрлија домаќинот, играат брз и модерен ракомет. Мораме добро да се подготвиме за нивната агресивна одбрана“ – вели Хорват.