Ракометарите на Шпанија се првите финалисти на Европското првенство откако ја совладаа Данска со 29 спрема 25 благодарение на одличниот втор дел.
Четата на Хансен во изедначено прво полувреме успеа да дојде до предност 14:13, но, Фуријата одигра одлична одбрана во второто и на крајот се избори за ново финале. Гомез беше незапирлив со единаесет погодоци додека Кањељас погоди осум пати. Кај данците очекувано прв голгетер беше Хансен со 8 голови.
Противникот на Шпанија ќе дојде по денешното втор меч меѓу Франција и Шведска.