Нашите ракометари ја добија Романија за противник во првата фаза од баражите за место на Светското првенство во 2023 година во Шведска и Полска.
Мечевите по принцип дома-гости треба да се одиграат од 16 до 20 март. Доколку успееме да ја поминеме репрезентацијата од под Карпатите, во последниот елиминациски филтер пред Мундијалот ќе ги одмеримe силите со Чешка. Тие мечеви ќе бидат во терминот од 11 до 17 април.
Еве ги комплетно двојките за првата фаза од баражот: Украина – Финска, Италија – Словенија, Португалија – Швајцарија,Австрија – Естонија,Грција – Босна и Херцеговина, Словачка – Белгија, Израел – Литванија и Фарски Острови – Белорусија