Шведска ќе игра со Шпанија за златниот медал на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка.
„Викинзите“ во второто полу-финале ја совладаа Франција во драматичен меч со 34:33. Вистински херој за Скандинавците беше голманот Паличка кој во последната минута имаше две фантастични одбрани со кои ја однесе неговата селекција во големото финале.
Во победничкиот тим се издвои Готфридсон со девет голови додека кај „триколорите“ по осум реализираа Деска и Мин.