Нашите ракометари денеска ќе го дознаат противникот за првата фаза од баражите за место на Светското првенство во 2023 година во Полска и Шведска.
Можни ривали се: Швајцарија, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Израел, Грција, Италија и Романија. Средбите се закажани за 14 и 20 март.
Доколку ја поминеме првата рунда, во втората како противници може да ги добиеме: Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија или Исланд. Формирањето на бараж-двојките ќе биде во Будимпешта.