Извршниот директор на Мекларен, Зaк Браун, изјави дека ѕвездата на британскиот тим во Индикар, Пато О’Вард, ќе има големи шанси да се пресели во Формула 1 доколку ја освои титулата во американската серија.
„Токму тоа му го кажав, најбрзиот начин да се дојде до Формула 1 е да се повтори успехот на Хуан Пабло Монтоја, Жак Вилнев, Алекс Занарди и Михаел Андрети кои ја освоија титулата во Идникар“ – вели Браун.
Во 2021 година, младиот Мексиканец му ја донесе првата победа на Мекларен по враќањето на тимот во Индикар.