Трикратниот светски шампион, Нејтан Чен (САД), ја освои машката олимписка титула на турнирот во уметничко лизгање во Пекинг.
22-годишниот олимпиец кој беше лидер по кратката програма, изведе пет скокови во бранот на музиката „Ракетмен“ на Елтон Џон и доби оценка од 218,63 поени. Тој од двете комбинации собра 332,60 и ја освои првата олимписка титула во кариерата. Чен има сребрен и бронзен медал на Игрите во Пекинг 2022 и Пјонгчанг 2018.
Сребрениот медал го освои 18-годишниот Јапонец, Јума Кагијама а бронзата неговиот сонародник, Шома Уно.