Скијачот од Австрија, Јоханес Штролц, победи во комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Тој со освојувањето на златниот медал успеа да го повтори успехот на неговиот татко Хуберт кој во 1988 година во Калгари во истатата дисциплина успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Норвежанецот Андре Омот-Килде оствари втор резултат додека бронзата заврши на градите на Канаѓанецот, Џејмс Крофорд.