Ракометарите на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш и Немања Обрадовиќ, нема да патуваат на мечот со Ним бидејќи се позитивни на ковид-19.
Тие немаат никакви симптоми, но, според протоколите мораат да бидат во изолација. Тренерот Бабиќ на гостувањето во Франција ќе биде и без болниот, Јосип Периќ како Црногорецот, Мирко Радовиќ, кој ја лекува повредата.
Пред утрешниот меч, екипата на Ним е лидер на табелата со 9 бодови пред Еурофарм Пелистер со 8 и Спортинг со 7 бодови.