Формула 1 тимот на Мерцедес објави на Инстаграм дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ќе учествува во новата сезона.
„Се врати 44-та“, потпишана е фотографијата на Британецот која е псотирана на социјалната мрежа. Претходно беше објавено дека Хамилтон сериозно размислува за напуштање на кралските трки а неговата иднина може да зависи од тоа дали директорот на ФИА, Мајкл Маси, кој донесе контроверзна одлука на патеката Абу ќе остане на функцијата.
Првите претсезонски тестови ќе се одржат од 23 до 25 февруари во Барселона (Шпанија).