Возачот на Ферари, Шарл Леклер, го забележа најдоброто време првите претсезонски тестови во Формула 1 за 2022. Тој обезбеди време 1:20.165 час на патеката Каталонија во близина на Барселона. Добри резултати имаа и ѕвездата на Мекларен, Ландо Норис, новиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел како и светскиот шампион, Макс Верстапен. Најслаб беше тест-возачот на Алфа Ромео, Роберт Кубица, кој направи само девет кругови поради мал технички проблем на болидот.
Author: dino
Селекторот на нашите кошаркари, Драган Бајиќ, е позитивен на ковид-19 и нема да патува на мечот во Грузија од квалификациите за Светскиот Куп. Тој добил позитивен тест и ќе остане во изолација во Скопје. Засега нема потврда дали ќе може да седи на клупата на вториот дуел со Грузијците кој е закажан за 27 февруари во СЦ Јане Сандански. Покрај селекторот, Македонија за гостувањето во Тбилиси остани без неколку страндардни првотимци. Тоа се: Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ и Дамјан Стојановски. Македонија досега има два пораза од Шпанија и Украина.
Почина легендарниот физиотерапевт, Бранислав Белевски – Будла, кој долги години беше дел од најтрофејниот фудбалски состав Вардар. Тој имаше одлични релации со плејада играчи на „црвено-црните“ и беше дел од „златна генерација“ од осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Будла беше врвен професионалец, вљубеник во спортот а посебно на „црвено-црниот“ дрес. Вечна слава!
Екипите на Вилјареал и Јувентус денеска ќе го одиграат во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на фудбалските шампиони. Јувентус беше прв во групата забележувајќи 5 победи и 1 пораз. „ Жолтата подморница“заврши на 2-то место во групата со само еден бод помалку од Манчестер Јунајтед. Шпанците имаат солиден состав и стекнаа искуство и самодоверба по освојувањето на Лигата на Европа во претходната сезона. Вилјареал игра успешно против италијанските ривали особено во елиминациските пресметки. Жолтата подморница загуби само еднаш од тим од Серија А а има шест победи. Јувентус има позитивен биланс против шпанските претставници во Европа. Веројатни состави:…
Бранителот на пехарот во ЛШ, Челзи, на „Стемфорд Бриџ“ ќе го пречека францускиот првак Лил. Британците реално гледано се фаворити, но, противникот секако заслужува респект. Четата на Тухел во групната фаза заврши на второто место со 4 победи, 1 реми и 1 пораз додека Лил со 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз беше прв во неговата конкуренција. Французите за прв пат по 15 години влегоа во втората рунда и сигурно ќе сакаат да го надградат успехот.Англичаните се влезени во серија од 5 последователни победи од кои една во финалето на Светското клупско првенство против Палмеирас. Челзи и Лил имаат…
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска соопшти дека не се планира поместување на финалето од Лигата на шампионите кое треба да се игра на 28 мај во Санкт Петербург. Загриженоста се појави поради растечките тензии меѓу Русија и Украина и можноста за војна меѓу двете земји. Санкт Петербург, кој беше домаќин на натпреварите од СП 2018 и ЕП 2020, е доволно далеку од руско-украинската граница. УЕФА нема да остави ништо на случајноста. Во последните две сезони финалето двапати беше преселено од Истанбул во Португалија – во 2020 година во Лисабон и во 2021 година во Порто. Во тоа време, промената беше…
Се започна во 2005-та кога љубителите на спортот за прв пат имаа можност преку радио приемникот да апсорбираат мал „милион“ преноси, јавувања, извештаи, прилози, информации, специјализирани емисии и наменски блокови за спортските настани. Заеднички со вас почитувани, се радувавме на големите историски успеси на мак-спортот и тагувавме кога за влакно ќе ни избегаше врвен резултат. Клавајте голови, леле луѓе што направивме, погодокот за европско на Пандев и уште многу други реченици што се синоним за екипните и индивидуални успеси на македонските спортисти, беа пренесени со гласовите на Саше, Ристе, Дино и со техничка поддршка на Марјан а под будното око…
Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, тренира индивидуално и тоа по само две недели откако го оперираше на коленото на десната нога. Германскиот фудбалски голман на неговата веб-страница објави кратко видео на кое се гледа како трча. Искусниот чувар на мрежата на Баварците беше подложен на лекарска интервенција на 6 февруари. Според најавите, 35-годишниот Нојер ќе мора да паузира од фудбалот до крајот на март.
Статистиката вели дека ПСЖ игра најслабо кога на теренот од првата минута ја има ѕвездената фудбалска тројка- Меси, Мбапе и Нејмар. Тие беа стартери на девет мечеви од кои „светците“ победија на само четири што е 44%. На три пак, тимот претрпе порази и тоа од Рен (2-0), Манчестер Сити (2-1) и Нант (3-1). Друга е приказната кога Мбапе, Меси и Нејмар не започнале заедно. Тогаш екипата од „Паркот на принцовите“ имала успех на 74% од средбите а претрпела само еден пораз и тоа од Лил во почетокот на август во Супер-купот на Франција.
Хрватскиот фудбалски интернационалец, Марчело Брозовиќ ќе ја продолжи соработката со Интер, потврди првиот човек на италијанскиот состав, Бепе Марота. „Брозовиќ и Интер сакаат да продолжат заедно. Преговорите се во завршна фаза, набрзо ќе биде официјализиран новиот договор“ – вели функционерот на „нероаѕурите“. Играчот од средниот ред го облече дресот на Интер во 2015 година. Тој досега има одиграно 222 натпревари и реализирано 20 голови.
