Селекцијата на Австрија го освои златниот медал во мешани тимови во алпско скијање. За победничкиот состав во финалето настапија: Катарина Трупе, Стефан Бренстајнер, Катарина Линзербегер и Јоханес Штролц. За Германија во финалето скијаа Лена Дуер, Јулијан Рауфус, Ема Ајхер и Александер Шмит. Во дуелот за третото место Норвешка беше подобра од САД.
Легендарната норвешка нордијка, Тереза Јохауг, го освои третиот златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг откако беше најдобра на трката на 30 километри со масовен старт.
Таа беше најдобра и на трките на 15 километри скијатлон и на 10 километри класичен стил.
Второто место денеска и припадна на Џеси Дигинс од САД. Третото место на победничкиот пиедестал и припадна на Керу Никсанен од Финска.
Германскиот тим во боб четворосед предводен од Франческо Фридрих го освои златниот медал на Зимските олимиски игри во Пекинг. Сребрениот медал го освои вториот тим на Германија додека бронзениот медал и припадна на Канада. Германците доминираа на натпреварувањата во боб и на четири трки во Пекинг освоија дури седум медали, три златни, три сребрени и еден бронзен.
Хокеарската репрезентација на Финска е нов олимписки шампион откако во финалето со 2:1 ја совлада Русија. Тоа е прво олимписко злато за Финците кои претходно загубија во две финалиња а имаат четири бронзени медали на ЗОИ. Бронзениот медал и припадна на селекцијата на Словачка која вчера ја совлада Шведска со 4:0.