Со индивидуалните натпреварувања доцна синоќа во Кливленд стартуваше Олстар-викендот организиран од НБА.
Оби Топин од Њујорк никс победи во забивање. Тој во финалето го победи Хуан Тоскано-Андерсон од Голден Стејт. Изненадување направи Таунс кој имаше дури 29 успешни обиди во финалето за три поени што претставува најдобар резултат во историјата.
Главниот меч на „ѕвездите“ меѓу тимовите предводени од Леброн Џејмс и Кевин Дурант ќе биде одигран доцна вечер во 02.00 часот.

