Ракометарите на Вардар остварија значајна победа против ППД Загреб со 20-19 во рамките на 12 коло во Групата „А“ во Лигата на шампионите.
Во СЦ Јане Сандански во главно изедначен меч, домаќините успеаја во самата завршница да одбранат гол предност. Кај „црвено-црните“, Оливие Њокас и Филип Талески постигнаа по четири голови додека во хрватскиот тим се издвоија Чупиќ и Лејметер со по три погодоци.
Вардар до крајот на мечевите со Мешко Брест на гостински терен и Елверум дома, сам ќе ја крои судбината за фазата на елиминации.