Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон , се осврна руско-украинскиот конфликт и проговори за рускиот претседател Владимир Пути. Неговата изјава доаѓа откако ФИА го откажа Руското Гран при во Сочи.
„Лично, Путин го гледам како многу директна и благородна личност. Тој го направи токму тоа што вети дека ќе го направи, без аргументи. Велите дека ветил дека нема да ја нападне Украина? Условите се променија, нели?- вели Еклстон.
Трката за ГН на Русија во Формула 1 беше предвидена во терминот од 23 до 25 септември.