Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, пред утрешното гостување кај Татабања, вели дека неговите избраници одиграле одличен меч со Кадетен Шафхаузен и дека остануваат со амбиции за првото место во групата.
„Имавме перфектен натпревар против Кадетен Шафхаузен и ги покажавме нашите индивидуални и тимски вредности. Имаме уште две кола а математички уште не го обезбедивме осминафиналето“ – изјави Бабиќ.
Средбата од групата „Д“ во Европската лига меѓу унгарскиот состав и Битолчани ќе биде одиграна утре од 18.45 часот.