Финската федерација за хокеј на мраз соопшти дека ги осудува активностите на Русија во Украина и дека започнала преговори со Меѓународната федерација и другите земји за да се процени ситуацијата и можните мерки.
„Активно учествувавме во дискусиите во текот на викендот и имавме средба со претседателот на ИИХФ, Лук Тардиф. Информиравме дека Русија и Белорусија траба да бидат целосно исклучени од меѓународните хокеарски активности и дека нема да играме против репрезентациите на тие земји“ – вели Нуммела.
„Потенциравме дека Русија и Белорусија нема да можат да учествуваат на машкото светско првенство во Тампере и Хелсинки во месец мај“ – изјави претседателот на финската федерација за хокеј на мраз, Хари Нуммела.