Интер го заврши настапот во Лигата на Шампионите иако вчера славеше на теренот на Ливерпул со минимални 1-0. Победата на премиер-лигашот во првиот меч на „Чизмата“ од 2-0, беше доволна за избраниците на Јирген Клоп да заминат во наредната фаза. Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, вели дека победникот во двомечот бил решен во првата средба во Милано. „Заслуживме повеќе во првите 75. минути од првиот натпревар, но, потоа примивме два гола. Вечерва на „Енфилд“ го дадовме максимумот. Јасно е дека сме разочарани“ –заклучи Инзаги.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Маурисио Покетино, пред денешниот реванш меч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, мораше да одговори на новинарско прашање кој е подобар од неговите ѕвезди во тимот, Меси или Мбапе ?. „Меси е најдобар на светот со седум Златни топки. Килијан е еден од играчите кои се многу добри и кои блескаат“- вели тренерот од Аргентина. Екипата од Париз денеска на гостувањето во Шпанија ќе ја брани предноста од 1-0 обезбедена на првиот меч со голот на Мбапе.
Извршниот комитет на СЕХА-лигата на денешниот состанокот донесе одлука сите натпревари за сезоната 2021/22 да бидат одложени на неодредено време. Причина за тоа се воените дејствија во Украина и неможноста на Мотор Запорожје да го продолжи натпреварувањето. Згора на тоа, руската компанија Газпром е главен спонзор додека белорускиот состав, Брест Мешков требаше да се приклучи во елиминацискиот дел. Во Регионалното натпреварување пред да се прекине сезоната, Вардар одигра три средби додека Еурофарм Пелистер само еден меч.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, откако ја прекина соработката со францускиот производител на автомобили – Пежо, најверојатно ќе остане без уште еден значаен спонзор. Станува збор за компанијата – „Лакоста“ која долги години покрива дел од трошоците на еден од најдобрите спортисти на денешницата. Швајцарските медиуми денеска објавија дека соработката ќе биде прекината и дека Ѓоковиќ ќе остане без големи 27 милиони долари кои требаше да ги заработи до крајот на договорот до 2025 година.
Фудбалската федерација денеска ја промовираше првата македонска стратегија за женски фудбал – „Повеќе жени – повеќе голови 2021-2025”. Пред присутните гости обраќање имаа потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев, генералниот секретар, Филип Поповски и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир. Поддршка на проектот преку видео-обраќање даде и селекторот на женската репрезентација на САД, Влатко Андоновски. Меѓу гостите беше и Кејт Брнс, амабасадор на САД во нашава земја.
Фудбалерот од средниот ред на Брентфорд, Кристијан Ериксен, за првпат беше стартер на мечот со Норвич Сити во Премиер лигата откако доживеа срцев удар против Финска во јуни минатата година. „ Не би рекол дека ова е ново поглавје, би рекол дека мојот живот продолжува“, изјави поранешниот играч на Тотенхем кој има вграден дефибрилатор. „Секако дека имав лоши моменти, ми требаше неколку месеци. Сега осум или девет месеци подоцна сум тука, тоа е неверојатно“ – потенцираше Данецот.
Холанѓанецот во Ливерпул, Вирџил ван Дајк по вчерашната победа против Вест Хем постави рекорд во Премиер –лигата. Дефанзивниот фудбалер го забележа 60-от меч без пораз на „Енфилд“ и го помина Лиј Шарп од Манчестер Јунајтед кој во текот на 90-те години имаше 59 мечеви без да ја почувствува горчината на поразот на „Олд Трафорд“. Ван Дајк го облече дресот на „црвените“ во 2018 година.
Големото градско дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе биде во фокусот на англиската фудбалска јавност. С редбата на „Етихад“ ќе стартува во 17.30 а тренерот на домаќините, Пеп Гвардиола, вели дека новинарите го прашуваат за напаѓачите само кога тимот нема да победи. „Не можете да играте во Премиер лигата без напаѓач. Верувам дека работите ќе се променат во текот на летото. Сега не треба да зборуваме за тоа бидејќи не може ништо да се промени“ –потенцира тренерот на „граѓаните“.
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, пред денешното дерби на „Чизмата“ со Милан имаше само пофални зборови за нашиот фудбалски „бисер“, Елиф Елмас, кој денеска ќе биде во првата постава. „Елмас е офанзивен играч за врска, кој може да биде и „скриен напаѓач“. Тој е тип на фудбалер кој е одлучен кога ќе се најде во „жешката зона“. Може да се адаптира во различни ситуации, тоа го прави уште подобар, феноменален“ – вели Спалети. „ Елмас е многу интелигентно момче, кој го разбира фудбалот. Пред него стои голема иднина“, изјави Спалети пред дербито со „росонерите“ кое ќе има големо влијание во…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) процени дека нема услови да се одиграат денешните мечеви од 22 коло во прволигашката конкуренција поради обилните снежни врнежи во целава земја. Затоа е донесена одлука сите средби да се презакажат за в среда од 14 часот. Тогаш ќе играат: Брегалница – Пелистер,Работнички – Шкендија, Ренова – Шкупи, Струга – Македонија ЃП и Академија Пандев – Борец. Средбата меѓу Тиквеш и Скопје беше одиграна вчера во Кавадарци. Победи домаќинот со 3:0.
