Извршниот комитет на СЕХА-лигата на денешниот состанокот донесе одлука сите натпревари за сезоната 2021/22 да бидат одложени на неодредено време.
Причина за тоа се воените дејствија во Украина и неможноста на Мотор Запорожје да го продолжи натпреварувањето. Згора на тоа, руската компанија Газпром е главен спонзор додека белорускиот состав, Брест Мешков требаше да се приклучи во елиминацискиот дел.
Во Регионалното натпреварување пред да се прекине сезоната, Вардар одигра три средби додека Еурофарм Пелистер само еден меч.