Возачите од Русија и Белорусија го задржуваат правото да учествуваат на автомобилски трки под покровителство на Меѓународната автомобилистичка федерација. Така одлучи советот на ФИА со кој раководеше новиот претседател на федерацијата, Мохамед бин Сулејем.
Тој откако го осуди рускиот напад врз Украина, потврди дека претставниците на Русија и Белорусија во различните комисии на ФИА ќе ги напуштат позициите, но, спортистите од тие земји нема да бидат исклучени од натпреварувањата.
Тоа значи дека рускиот Формула 1 возач, Никита Мазепин, може да се избори за место во екипата на Хаас во која неговиот татко има 20% а болидите се брендирани со боите на руското знаме.