Ракометната федерација објави дека се пуштени во продажба влезниците за бараж мечот со Романија кој ќе биде одигран наредниот четврток во СЦ Борис Трајковски со почеток во 19.00 часот.
– Продажбата на влезници за натпреварот започнува напладне и билетите можат да се набават електронски преку интернет страницата на МК Тикетс, како и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата по цена од 100 денари, соопшти РФМ.
Навивачите треба да поседуваат сертификат за вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан коронавирус во последните шест месеци.