Македонската ракометна репрезентација славеше убедливо против Романија со 30 спрема 22 во првата средба од баражот за пласман на Светското првенство.
„Црвено-жолтите“ одиграа одлично во последните 10 минути и обезбедија позитива од осум голови за саботниот реванш во Букурешт. Во нашиот табот бласкава партија имашеТалевски кој постигна 10 голови додека Лазаров и Филип Кузмановски постигнаа по седум.
Победникот од двомечот во последниот филтер за СП ќе ги одмери силите со Чешка.