Ешли Барти која е на челната позиција на АТП листата излезе со изненадувачка изјава на социјалните мрежи дека на 25 години ќе ја прекине тениската кариера. -Многу сум среќна и подготвена. Во срцето знам дека е добра одлука. Целосно сум истрошена и нема што повеќе да дадам. Ви благодарам на сите кои ме поддржувавте – напиша Барти која ја освои првата гренд слем титула во 2019 година кога триумфираше на терените на Ролан Гарос. Тенисерката од Австралија има освоено 15 ВТА титули.
Author: dino
Манчестер Јунајтед сериозно размислува да го ангажира, Ерик тен Хаг, кој најави дека во текот на летото ќе го напушти фудбалскиот состав на Ајакс. Според – „Дејли Мејл“, искусниот тренер бил на интервју на „олд Трафорд“. Бидејќи Ралф Рагник, ќе биде на кормилото до крајот на сезоната, одлуката околу новиот тренер на „црвените ѓаволи“ се очекува до крајот на април. Како опции за клупата на Јунајтед се споменуваат и Маурисио Покетино, Лопетеги и Луис Енрике.
Кошаркаскиот состав на Портланд, објави дека Демиен Лилард нема да игра до крајот на сезоната. 31-годишниот играч кој има шест настапи на така наречениот „Ол-стар“ меч се опоравува од операцијата на стомакот. Лилард во сезонава во НБА одигра 29 натпревари со просек од 24 кошеви и 7,3 асистенции. Портланд има само теоретски шанси да обезбеди место во разигрувањето за титулата.
Европската фудбалска унија на состанокот на Извршниот комитет на 7 април ќе го укине актуелниот финансиски фер-плеј и ќе воведе така наречен – „селари кап“ со цел да се стави крај на преголемото трошење на пари без покритие. Според најавите, главна поента на „селари капот“ ќе биде тоа дека секој клуб ќе може да потроши во годината 70 проценти од тековните приходи на плати. Гледано низ бројките, премиерлигашите ќе бидат во предност бидејќи имаат најголема добивка од ТВ-правата а со тоа и големи буџети.
Талентираниот фудбалер на Барселона, Осман Дембеле, кој има текиовна соработка со Каталонците до крајот на сезоната, може да прифати да потпише нов договор и да остане на стадионот – „Камп Ноу“. Францускиот интернационалец иако има неколку понуди од други клубови, наводно одлучил да остен во редовите на шпанскиот состав. Според медиумите, преговорите ќе продолжат во наредниот период.
Марко Асенсио во текот на летниот трансфер период дефинитивно ќе го напушти фудбалскиот состав на Реал Мадрид. Тој има уште една година од договорот со „белите“, но, бидејќи не е задоволен од минутажата ќе побара да биде ставен на трансфер листата.Неговата вредност на пазарот се проценува меѓу 30 и 35 милиони евра. За неговиот потпис се заинтересирани неколку екипи од Англија како и градскиот ривал, Атлетико Мадрид.
Италијанските медиуми излегоа со најава на можниот состав на Италија кој ќе истрча на дуелот со Македонија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Европскиот првак треба да игра во формација 4-3-3 . На голот се очекува Донарума, во одбраната, Флоренци, Манчини, Бастони и Емерсон, во средниот ред, Барела, Жоржињо и Берарди а во нападот Верати, Имобиле и Инсиње. Мечот од 20.45 часот ќе биде одигран на стадинот во Палермо. Ќе биде искористен целиот капицитет од 36.340 седишта.
Еден од носителите на играта во нашата фудбалска репрезентација, Енис Барди, пред мечот со европскиот шампион Италија во баражот за Светското првенство во Катар, вели дека Македонија секого може да победи во 90 минути. „Мислам дека сите знаеме колку ни е значаен мечот и колку ќе ни биде тешко. Мора да бидеме стопроцентно концентрирани во секој момент од играта. Ќе ни недостигаат Елиф, Тихо и неколку други фудбалери, но, ќе играме и за нив “ – вели Барди. „Во денешниот фудбал фаворитите знаат да те изненадат, да имаат лош ден. Покажавме многу пати дека можеме да победиме секого и затоа…
Повратникот во нашата најдобра фудбалска репрезентација, Давид Бабунски, оптимистички расположен ја очекува големата пресметка со Италија во првиот бараж-филтер за пласман на Мундијалот во Катар. „Свесни сме против кого ќе играме, ќе биде тежок натпревар, но и за противникот ќе биде така. Покажавме дека можеме да се носиме против најголемите репрезентации, ќе излеземе на теренот, ќе дадеме сè од себе за да победиме“ – вели Давид. „Нема што да загубиме, одиме со големи амбиции, на гостински терен, така што мислам дека сме подготвени за предизвикот. Ќе играме со срце и со желба да победиме“ – потенцираше Давид Бабунски пред мечот…
Фудбалерот, Џошуа Кимих, нема да се приклучи на германската репрезентација бидејќи очекува неговата девојка Лина Мајер да го роди нивното трето дете. „Тој е целосно семеен човек. Да се има дете е навистина многу посебен момент за секого. Се надеваме дека се ќе биде добро и тој наскоро ќе се приклучи на тимот” – изјави германскиот селектор, Ханси Флик. „Панцирите“ од денеска се подготвуваат за пријателскиот натпревар со Израел закажан за в четврток. Три дена подоцна ќе гостуваат во Холандија
