Author: dino

Челниците на фудбалскиот состав Милан го договориле првото летно засилување. Станува збор за дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, кој од наредната сезона ќе ги брани боите на „росонерите“. Фудбалерот ќе потпише договор до 2027 година и ќе добива по 3 милиони евра по сезона. Според наводите, францускиот состав бара околу 40 милиони евра за потписот на Ботман. 22-годишниот централен дефанзивец во сезонава има 21 натпревар и 3 гола во француското првенство.

Read More

Кристијан Станојковски од пинг-понгарски клуб “Крива Паланка 2007” по единаесетти пат ја освои титулата државен првак во сениорска конкуренција. „Задоволство е да се одбрани титулата по десетти пати по освојувањето на неполни шеснаесет години. Благодарност до моите соиграчи од матичниот клуб „Крива Паланка 2007” и тренерот Мартин Стаменковски“- изјави Станојковски. Тој во изминатата сезона поради пандемијата со Кови-19 се определи да го напушти германскиот состав Мајнц и да се врати во татковината.

Read More

Стјуардите на трката во Формула 1 за Големата награда на Саудиска Арабија донеса одлука да го казнат Алекс Албион поради контактот со Ленс Строл. Тоа значи дека возачот на Вилијамс на наредната трка во Австралија ќе започне три позиции подолу од местото што ќе го обезбеди во квалификациите а згора на тоа ќе загуби и два поена. Стјуардите кои водеа истрага и за Саинц, СПерез и Магнусен, поради евентуално непочитување на жолтите знамиња, утврдиле дека тие не ги прекршиле правилата.

Read More

Фудбалерот, Тимо Вернер, кој не успева да се наметне во редовите на Челзи, вели дека се чувствува послободно кога настапува за репрезентацијата на Германија отколку кога игра за лондончани. „Работите не одат како што посакувам во Челзи, но, тука се многу подобри под водство на Ханси Флик.“ – вели Вернер. „Има разлики во стилот на играта во репрезентацијата и во Челзи. Тука имам поголеми шанси да постигнам голови и затоа се чувствувам подобро“ – потенцира играчот на „панцирите“.

Read More

Фудбалската репрезентација на Канада го обезбеди пласманот на Светското првенство во Катар откако на коло пред крајот во квалификациите во Конкакаф зоната ја победи Јамајка со 4-0. Канаѓаните за првпат по 36 години ќе играат на Мундијал, последен пат учествуваат на СП во 1986 година освојувајќи го последното 24 место. Канада e лидер на табелата со 28 бодови, пред САД и Мексико со по 22, Костарика има 19 а на петтата позиција е Панама со 18. Без шанси за Мундијал се  Ел Салвадор, Јамајка и Хондурас.

Read More

Медиумите во Португалија пишуваат дека селекторот, Фернандо Сантош, го знае составот кој ќе истрча против Македонија во финалето од баражот за место на Интерконтинталниот собир во Катар. Промени ќе има само во дефанзивната линија и веројатно во шемата. За разлика од мечот со Турција на кој Сантош играше во формација 4-3-3 истата може  да се трансформира во 4-4-2 . Португалците денеска ќе го имаат последниот тренинг на „Драгао“ по што Сантош веројатно ќе го соопшти и почетниот состав.

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на втората сезонска трка во Формула 1 која беше возена за Големата награда на Саудиска Арабија. Тој во завршницата успеа да ја добие битката со членот на Ферари, Шарл Леклер. Зад нив заврши  Карлос Саинц додека Серхио Перез го освои четвртото место. Во топ 10 уште влегоа и Расел, Окон, Норис, Гасли, Магнусен и Луис Хамилтон. Леклер освои дополнителен поен поради најбрзиот круг на трката. Наредната трка ќе биде возена во Австралија на 10 април.

Read More

Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска ги испрати македонските фудбалерите на скопскиот аеродром и им вети премија од половина милион евра доколку ја поминат Португалија и се пласираат на Мундијалот. Последниот бараж меч за Светското во Катар ќе го одиграме во вторник во вечерниот термин на стадионот –„Драгао“ во Порто. Судија ќе биде Англичанецот, Ентони Тејлор а ќе му помагаат Гери Бесвик и Адам Нан. Во ВАР собата ќе биде уште еден Англичанец, Крис Кавана.

Read More

Селекторот на португалската репрезентација, Фернандо Сантош, гледа со пиетет кон нашите најдобри фудбалери пред последниот бараж меч за пласман на СП во Катар. „Македонија треба да се почитува. Финале е и се може да се случи. Екипа која ја победи Италија мора да се респектира“ – вели Сантош. „Искрено, не знаеме што да очекуваме. Станува збор за агресивен тим. Секако дека ја респектираме Македонија. Ги победила Германија и Италија на гости, треба да бидеме внимателни“ нагласи играчот на Сити, Бернардо Силва.

Read More

Фудбалерот, Кристијан Ериксен, вчера беше дочекан со големи емоции и аплаузи на теренот во Амстедам дури и кога постигна гол да ја намали предноста на домаќинот Холандија на 3:2. За членот на Данска тоа беше првиот меч во националниот дрес откако доживеа срцев удар на дуелот со Финска на последниот европски шампионат. Денеска медиумите објавија дека на крајот на средба која заврши 4:2, Ериксен додека имал интервју, бил погоден со монета од еден неодговорен навивач

Read More