Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на втората сезонска трка во Формула 1 која беше возена за Големата награда на Саудиска Арабија.
Тој во завршницата успеа да ја добие битката со членот на Ферари, Шарл Леклер. Зад нив заврши Карлос Саинц додека Серхио Перез го освои четвртото место. Во топ 10 уште влегоа и Расел, Окон, Норис, Гасли, Магнусен и Луис Хамилтон. Леклер освои дополнителен поен поради најбрзиот круг на трката.
Наредната трка ќе биде возена во Австралија на 10 април.