Ред Бул признаа дека погрешиле со тактиката на Макс Верстапен на вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Бахреин.
Актуелниот светскиот шампион беше втор зад лидерот, Шарл Леклер но, непосредно пред финалето се откажа. Советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко објасни дека наредбата на Макс да ги задржи гумите е погрешна и навистина го спречила да се бори со Леклер.
„Му рековме не врши притисок за враќање на патеката. Да возеше со нормално темпо ќе беше пред Леклер. Вистината е дека нашиот болид повеќе ги троши гумите од Ферари а моќта на моторот на Скудерија е импресивна“ – вели Марко.