Португалецот, Мигел Оливеира, победи во втората сезонска трка во Мото шампионатот која беше возена за големата награда на Индонезија.
Истата беше одложувана во неколку наврати поради дождот а во еден момент и гром удри во патеката што се виде на малите екрани. Португалскиот возач победи пред Фабио Квартараро и Жоан Зарко. Четврти заврши Милер пред Милс. Во топ десет влегоа и Мир, Морбидели, Еспаргаро и браќата Биндер.
Осумкратниот првак, Марк Маркез, буквално летна од моторот, но, за среќа помина без потешки повреди. Наредниот собир во Мото ГП шампионатот ќе биде на 3 април во Аргентина.