Возачот на Ферари, Шар Леклер, ќе старува од челната позиција на првата сезонска трка во Формула 1 која ќе биде возена утре за Големата награда на Бахреин на патеката „Сахир“.
Веднаш зад него ќе биде бранителот на титулата, Макс Ферстапен следен од Карлос Саинц и Перез.
Луис Хамилтон на денешните квалификации имаше петто време а Ботас шесто. Меѓу првите 10-ет место обезедија и Магнусен, Алонсо, Расел и Гасли.