Author: dino

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска загубија на домашен терен од Нексе со 22:21 со што го завршија настапот во Европската лига на ЕХФ. Хрватите по триумфот во првата средба со 29:26, вечерва го издржаа притисокот во преполната сала во Битола и успеаја по втор пат да ги совладаат избраниците на Бабиќ. Стипе Мандалиниќ беше најефикасен за Пелистер со шест голови пред Табоада со пет.Кај гостите од Нашице се издвои Марин Јелиниќ со пет реализации.

Read More

Новата лидерка на светската тениска ранг-листа за жени, Ига Швoнтек (Полска), изјави дека плачела 40 минути откако дознала дека трикратната Грен слем шампионка Ешли Барти ја завршува кариерата. Како резултат на одлуката на 25-годишната Барти, Швентек дојде на врвот на женската ранг листа. „Плачев 40 минути. Не очекував дека ова ќе се случи и навистина бев изненадена“, изјави Ига Швентек за Би-Би-Си. „Нејзината одлука е многу храбра и почувствував многу емоции поради тоа што се случи. Дури два часа подоцна дојдов до заклучок дека треба само да продолжам да победувам“ – изјави полската тенисерка.

Read More

Напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, вели дека е презадоволен од работата на тренерот Жозе Мурињо и дека постои шанса во иднина да се врати во англискиот фудбал. „ Мурињо најдобар ментор на светот. Тој знае како да ве мотивира, како да ви влезе под кожа и како понекогаш да направи да се чувствувате како многу посебен играч.“ – вели црномурестиот фудбалер кој се насочи и кон неговата иднина. „Кога гледам информации кои ме поврзуваат со другите клубови ме прави да се чувствувам добро. Јас пораснав во Англија, можеби еден ден ќе се вратам во Премиер лигата“ – изјави Абрахам.

Read More

Ветеранот, Хуан Мата, кој на крајот на април ќе наполни 34 години нема намера да се повлече од фудбалските терени иако во сезонава одигра само 5 натпревари во сите конкуренции. Шпанскиот интернационалец кој нема да добие ново продолжување на соработката со „црвените ѓаволи“, планира да замине во друг состав. Мата се активираше на „Олд Трафорд“ во 2014 година и досега го овои Лига купот, ФА Купот, Лигата на Европа и трофејот Комјунити Шилд. Тој претходно се израдува на пехарот во Лигата на шампионите во дресот на Челзи а исто така победи и во Лигата на Европа и ФА Купот.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се поделени во мислењата околу новиот тренер кој треба да го наследи Ралф Гангник на крајот на сезоната. Откако дојде информација дека Тен Хаг ќе седне на кормилото на англискиот состав, дел од играчите покажале скептицизам дека Холанѓанецот е најдоброто решение. Тие се на ставот дека Маурисио Почетино треба да биде новиот тренер откако се појави шпекулација дека Аргентинецот може да добие понуда да се пресели на „Олд Трафорд“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, на денешната средба со новинарите проговори за утрешниот меч со Бенфика во фазата на елиминации во Лигата на шампионите. Првата средба од 1/4 финалето ќе биде одиграна во Португалија. „Бенфика е сериозен ривал. Тимот е елегантен и искусен и знае како да дојде до посакуван резултат. Го видовме тоа против Ајакс кога не беа фаворити“ – вели Клоп кој даде детали и околу ростерот. „Сите се здрави! Кертис имаше мал оток, како и Џоел Матип. Трент Александер-Арнолд тренира 4-5 денови и е подготвен“ – изјави Германецот.

Read More

Кирил Лазаров во улога на селектор-играч,  денеска го објави поширокиот список од 35 ракометари за претстојниот двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и во Шведска од 11 до 29 јануари догодина. Мечот со Чешка во Злин е на 13 април од 20.15 часот, додека реваншот е на 17 април во Скопје од 19 часот. Конечниот список ќе биде затворен откако ќе се реализира подготвителната програма.

Read More

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство  во Катар ќе биде извлечена денеска во главниот град – Доха. Шампионатот ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. На настанот ќе настапат легендите на светскиот фудбал Лотар Матеус, Кафу, Џеј Џеј Окоча, Али Даеи, Бора Милутиновиќ, Тим Кејхил и други.Екипите ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи. Тројцата последни учесници ќе се дознаат по завршување на баражите. Еве како се поставени селекциите според рејтингот. Во првата група се:  Катар, Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија, Португалија. Во втората: Мексико, САД, Холандија, Данска, Германија, Уругвај, Швајцарија, Хрватска. Од третата…

Read More

Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, кој ќе си замине во текот на летото, може да добие понуда од Арсенал, пишуваат денеска медиумите во Италија. Бидејќи „топчиите“ се во одлична позиција да обезедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона,  тренерот Артета, планира да ангажира нови фудбалери. „Football London“  објави дека Дибала е идеално решение за англискиот клуб бидејќи ќе пристигне како слободен играч.

Read More

Репрезентативецот на Португалија, Бруно Фернандеш, потпишал нов договор со Манчестер Јунајтед, тврдат добро информирани новинари кои го следат фудбалот на островот. Според објавеното, луцидниот играч од средниот ред ќе остане  „црвените ѓаволи“ до летото во 2027 година. Фернандеш ќе биде еден од тројцата најплатени играчи во клубот од  – „Oлд Трафорд“.

Read More