Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска загубија на домашен терен од Нексе со 22:21 со што го завршија настапот во Европската лига на ЕХФ.
Хрватите по триумфот во првата средба со 29:26, вечерва го издржаа притисокот во преполната сала во Битола и успеаја по втор пат да ги совладаат избраниците на Бабиќ.
Стипе Мандалиниќ беше најефикасен за Пелистер со шест голови пред Табоада со пет.Кај гостите од Нашице се издвои Марин Јелиниќ со пет реализации.