Македонските ракометари пропуштија голема шанса да ја совладаат Чешка во првиот меч во Злин во баражот за Мундијалот и да обезбедат мирен реванш в недела во Скопје. Иако во еден период имавме големи седум голови предност, домаќините трпеливо успеаа да ја анулираат негативата и да се изборат за нерешени 24 спрема 24. Во нашите редови Талевски постигна 5 голови додека Георгиевски и Лазаров застанаа на 4. Кај домаќинот се издвоија Клима и Хртска со по 5 погодоци. Реваншот ќе биде одигран в недела од 19.00 часот во СЦ Борис Трајковски.
Author: dino
Кошаркарите на МЗТ Скопје ја совладаа Сутјеска со 73 спрема 68 и влегоа во полуфиналето на завршниот турнир во АБА 2 лигата кој се реализира во СЦ Јане Сандански“ во Скопје. Нашиот тим ги казните грешките на противникот и успеа да ја скокне првата пречка на патот кон финалниот меч. Домашниот играч Кристијан Николов постигна 17 кошеви, Војдан Стојановски имаше 15 а Дејвис 11 поени. Во таборот на гостите се истакна Томашевиќ со 13 кошеви. Популарните „штркови“ сега го очекуваат победникот од дуелот Широки –Спарс кој започнува во 21.00 часот. Во второто полуфинале ќе играат Борац и Златибор. Тимот од…
Избраниците на Кире Лазаров полека се упатија кон салата во Злин на мегдан со домаќинот Чешка во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство во 2023 година. За деталите од мечот слушајте на Спортско радио 90,3 ФМ во вечерниот термин од 20.15 часот.
Денеска започна судскиот процес против 11 италијански клубови поради зголемување на капиталната добивка од трансферите на фудбалери. Меѓу тимовите се Јувентус и Наполи. Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација побарал остри казни за челниците на сите клубови кои се под истрага. Другите 9 тимови се: Сампдорија, Џенова и Емполи од Серија А, Пиза и Парма од Серија Б, Про Верчели и Пескара од Серија Ц и банкротираните Киево и Новара. За нивните лидери се бараат казни од 6 до 10 месеци и парични од 3.000 до 338.000 евра.
Советникот на Ред Бул во Формула 1, д-р Хелмут Марко, го пофали Серхио Перез и го спореди со Макс Верстапен откако Мексиканецот во текот на викендот се искачи на второто место на подиумот на трката за ГН на Австралија. Тој успеа да ги победи возачите на Мерцедес и да освои нови бодови за неговиот тим. Светскиот шампион, пак, Макс Верстапен со вториот болид на Ред Бул веќе втор пат во сезонава не успеа да стигне до целта. „Чеко имаше одлична трка и беше на нивото на Макс“ – изјави д-р Марко за „Motorsport-Total.com“.
Фудбалерот, Андреа Ранокија, кој настапува во одбраната на Интер бил информиран од директорите на клубот дека нема да добие продолжување на договорот за уште една сезона, пренесува – денеска „Calciomercato.com“. Тоа значи дека ветеранот ќе мора да ги напушти „нероаѕурите“ во текот на летото како слободен играч и да си побара нов клуб. 34-годишниот Ранокија во дресот на италијанскиот тим има одиграно 225 натпревари и постигнато 14 голови.
Најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ќе ги напушти Баварците на крајот на сезоната. Полскиот репрезентативец планира да си замине од „Алијанц“ и да потпише за Барселона. Според дел од медиумите во неговата татковина, трансферот ќе биде околу 60 милиони евра а неговиот договор ќе биде за три сезони со плата од 8 милиони евра плус бонуси. Левандовски кој го облече дресот на Баерн во 2014 година, досега има одиграно 369 мечеви и постигнато 340 гола.
Младиот фудбалер на Сасуоло, Хамед Траоре, влегува во радарот на Милан, Рома и Наполи, објавија денеска дел од медиумите во Италија. 22-годишниот крилен напаѓач од Брег Слонова коска има тековен договор до 2024 година а неговата трансферна вредност е околу 20 милиони евра. Траоре во текот на викендот во Серија „А“ имаше одличен настап против Аталанта и постигна два гола.
Фудбалерите на Челзи ќе гостуваат со два гола минус на теренот на Реал Мадрид во реваншот од 1 /4 финалната фаза во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Томас Тухел по поразот од „кралевите“ на „Стемфорд Бриџ“ со 3 спрема 1, проценува дека „сините“ имаат минимални шанси да направат сензација на гостувањето на „Сантијаго Бернабе“ и да го елиминираат шпанскиот состав. „Ќе се обидеме да го елиминираме Реал и да одиграме многу подобро од првиот меч. Мали се шансите, но, нема да се откажеме“ – беа зборовите на Тухел.
Нашите најдобри ракометари ќе добијат премија од РФМ во висина од 50.000 евра доколку ја елиминираат Чешка во баражот за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година. РФМ веста ја потврди со официјално соопштение лиферувано до медиумите. Чешка и Македонија првиот меч ќе го одиграа в среда во Злин додека реваншот е закажан за в недела во СЦ „Борис Трајковски“.
