Македонските ракометари пропуштија голема шанса да ја совладаат Чешка во првиот меч во Злин во баражот за Мундијалот и да обезбедат мирен реванш в недела во Скопје.
Иако во еден период имавме големи седум голови предност, домаќините трпеливо успеаа да ја анулираат негативата и да се изборат за нерешени 24 спрема 24. Во нашите редови Талевски постигна 5 голови додека Георгиевски и Лазаров застанаа на 4. Кај домаќинот се издвоија Клима и Хртска со по 5 погодоци.
Реваншот ќе биде одигран в недела од 19.00 часот во СЦ Борис Трајковски.