Советникот на Ред Бул во Формула 1, д-р Хелмут Марко, го пофали Серхио Перез и го спореди со Макс Верстапен откако Мексиканецот во текот на викендот се искачи на второто место на подиумот на трката за ГН на Австралија.
Тој успеа да ги победи возачите на Мерцедес и да освои нови бодови за неговиот тим. Светскиот шампион, пак, Макс Верстапен со вториот болид на Ред Бул веќе втор пат во сезонава не успеа да стигне до целта.
„Чеко имаше одлична трка и беше на нивото на Макс“ – изјави д-р Марко за „Motorsport-Total.com“.