Кошаркарите на МЗТ Скопје ја совладаа Сутјеска со 73 спрема 68 и влегоа во полуфиналето на завршниот турнир во АБА 2 лигата кој се реализира во СЦ Јане Сандански“ во Скопје.
Нашиот тим ги казните грешките на противникот и успеа да ја скокне првата пречка на патот кон финалниот меч. Домашниот играч Кристијан Николов постигна 17 кошеви, Војдан Стојановски имаше 15 а Дејвис 11 поени. Во таборот на гостите се истакна Томашевиќ со 13 кошеви.
Популарните „штркови“ сега го очекуваат победникот од дуелот Широки –Спарс кој започнува во 21.00 часот. Во второто полуфинале ќе играат Борац и Златибор. Тимот од Бања Лука го победи Младост со 80:79 додека Златибор славеше против Домжале со 84:82.