Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, по големата победа во дербито со Вардар сега мислите ги насочува кон тимот на Нашице. Битолчани утре ќе гостуваат во Хрватска во првиот меч од елиминациската фаза.
„Сега имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.“ – вели Бабиќ.
„Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме и дека ќе се подготвиме за нивната брза игра, брзиот центар и агресивната одбрана“ – нагласи Бабиќ.