Ракометарите на Еурофарм Пелистер вчера загубија од Нексе со 29 спрема 26 во првиот меч од фазата на елиминации во ЕХФ Европската лига. Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ, не е задоволен од резултатот.
„Видливо беше дека енергетски многу се потрошивме, имавме многу проблеми со ротацијата. Игравме многу „еден на еден“ а не остварувавме предност“ – вели Бабиќ.
„Во вториот дел малку ја засиливме агресивноста и движењата. Се доближивме до -1 и имавме ракометар повеќе, па промашивме седмерец и противникот ни даде гол во последната секунда“ – рече Бабиќ.