Голманот на Каролина, Фредерик Андерсен, кој се повреди во текот на викендот на средбата со Колорадо во НХЛ лигата, ќе мора да паузира најмалку 10-ина дена.
Тој прво ќе одмора една недела што ќе му бидат направени тестови за да се покаже дали закрепнал. Во отсуство на Андерсен на голот на Каролина ќе биде Анти Раанта а негова резерва Пјотр Кочетков кој беше ангажиран од тимот на Чикаго.
Каролина е лидер во нејзината конференција со 106 бодови од 77 натпревари.