Една од најдобрите атлетичарки, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, верува дека ќе има добри настапи и дека ќе соборува рекорди. Таа на крајот на минатата сезона на патеката од 100 метри на митингот во Лозана оствари резултат од 10,60 секунди.
„Сакам да трчам 10,50 секунди или 10,40 секунди. Тоа е целта, мислам дека сум на добар пат“ – изјави атлетичарката од Jамајка која има три олимписки титули.
Ќе потсетиме дека светскиот рекорд на патеката од 100 метри го постави Флоренс Грифит – Џојнер во 1988 година. Американката тогаш оствари резулатат од 10,49 сек.