Манчестер Сити со вчерашната победа против Њукасл направи голем чекор кон титулата во фудбалска Англија. „Граѓаните“ сега имаа три бода предност во однос на директниот конкурент Ливерпул кој ден претходно одигра нерешено против Тотенхем. Стратегот на Сити, Гвардиола, имаше невообичаена изјава која ги налути фановите на „црвените“. „Сите сакаат Ливерпул да биде шампион! Ливерпул е клуб кој има неверојатна историја во европските натпреварувања, но, не и во Премиер-лигата“ – рече Шпанецот. Ливерпул едниствената титула во последниве три децении ја освои во 2020 година.
Author: dino
Легендарниот фудбалер, Дејвид Бекам, се осврна на ситуацијата во Манчестер Јунајтед и за иднината на Кристијано Роналдо кој пред сезоната се врати кај „црвените ѓаволи“ но, не успеа да ги однесе до врвни резултати. „Се надевам дека ќе остане во Јунајтед. Сите знаеме што значи Кристијано за фановите. Ова беше тешка сезона со многу подеми и падови“ – вели Бекам. „ Бев на „Олд Трафорд“ и стадионот беше полн, секое место беше пополнето. Тоа значи дека фановите се уште веруваат во тимот“ – вели Бекам.
Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, победи на трката за Големата награда на Мајами, која премиерно беше возена на Флорида. Второто место го обезбеди Шарл Леклер (Монако/ Ферари) а третото Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари). Трката ја одбележаа и инцидентите во кои учествуваа прво Гасли и Алонсо а потоа Норис и Гасли по што на патеката излезе безбедносното возило. Кај возачите лидер е Леклер со 104 бодови пред Верстапен со 85 и Перез со 66. Шестата сезонска трка ќе биде возена на 22 мај за Големата награда на Шпанија.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ја прокоментира драматичната победа на Реал Мадрид против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на фудбалските шампиони. „Вчера техничкото и физичкото ниво на натпреварот беше крајно високо. Реал Мадрид докажа дека натпреварите не завршуваат пред крајот и дека психолошкиот став може да направи разлика. Има шест екипи во Европа што може да го направат тоа: Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Баерн (Минхен), Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи“ – изјави Алегри. Тој испрати комплименти за судењето на Италијанецот Орсато како и за неговиот сонародник на клупата на „кралевите“, Карло Анчелоти.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, кој ги одработува последните месеци од договорот, влегува во радарот на Пари Сен Жермен, Јувентус, Милан и Њукасл. 29-годишниот фудбалер донел одлука да си замине од „театарот на соништата“ без разлика дали ќе влезе во плановите на новиот тренер, Ерик тен Хаг. Лингард одигра само еден натпревар како стартер под диригентската палка на Солскјер и само уште три кај сегашниот менаџер, Ралф Рангник.
Поранешниот руски селектор во скијање, Маркус Крамер , сега ќе ја имаа таа улога во националниот тим на Италија. -Ќе бидам селектор на италијанскиот тим во следните четири години“, изјави Крамер за „Спорт експрес“. Специјалистот беше дел од штабот на рускиот тим за скијање во крос-кантри од септември 2015 до февруари 2022 година. Според Фондо Италија, во групата на Крамер се: Франческо де Фабијани, Паоло Вентура, Федерико Пелегрино, Џандоменико Салвадори, Лусија Скардони, Давиде Грац, Ана Комарела, Грета Лоран и Катерина Ганц.
Легендата на украинскиот фудбал и своевремено на италијанскиот гигант, Милан, Андреј Шевченко, има намера да го купи тимот на Пескара кој се натпреварува во Серија „Ц“ и успеа да влезе во плеј-офот за место во погорен ранг. Медиумите денеска најавија дека популарниот Шева сака да купи мнозински дел од акциите на клубот. Ќе потсетиме дека Шевченко откако ја напушти клупата на Џенова нема ангжман. Т ој претходно успеа да ја однесе репрезентацијата на Украина на Евро 2020.
Поранешниот фудбалер, Антинио Касано, кој е познат дека нема „влакна на јазикот“, јавно го критикуваше тренерот на Јувентус, Масимилијамо Алегри, кој не успеа да ја издржи трката за титулата во Серија „А“. „Зборуваат дека не можат да му дадат отказ затоа што заработува десет милиони евра. Мислам дека баш поради тоа треба да добие отказ. Во јануари потроши сто милиони евра а ќе заврши четврти“ – изјави Касано. Легендарниот играч на „аѕурите“, проценил дека новото засилувања Душан Влаховиќ, е жртва на системот кој го форсира Алегри.
Светскиот шампион во Формула 1 од 1996 година, Дејмон Хил, проценува дека Шарл Леклер треба да биде внимателен со „избрзаните акции“ и даде пример за адаптацијата на Серхио Перез кој се бори за светската титула. „Видовме дека Леклер имаше шанса на Имола да забележи добар пласман, но, тој сакаше да повеќе, што беше премногу амбициозно,“ – вели Хил. Британецот прокоментира дека Леклер треба да го промени пристапот кон трките, бидејќи е претендент за светската титула и лидер во поредокот.
Нашиот ракометен стратег, Стевче Алушовски, ќе остане во исландскиот клуб Тор уште три години или до крајот на сезоната 2024/2025 година. Поранешниот репрезентативец кој седеше и на кормилото на Еурофарм Пелистер и на Вардар, успеа со екипата на Тор да влезе во елитната конкуренција на Исланд. Ќе потсетиме дека Тор неодаман го напушти македонскиот репрезентативец Јагуриновски кој потпиша за Пролет.
