Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, победи на трката за Големата награда на Мајами, која премиерно беше возена на Флорида.
Второто место го обезбеди Шарл Леклер (Монако/ Ферари) а третото Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари). Трката ја одбележаа и инцидентите во кои учествуваа прво Гасли и Алонсо а потоа Норис и Гасли по што на патеката излезе безбедносното возило.
Кај возачите лидер е Леклер со 104 бодови пред Верстапен со 85 и Перез со 66. Шестата сезонска трка ќе биде возена на 22 мај за Големата награда на Шпанија.