Лидерот во Формула 1, Шарл Леклер, вели дека неговиот Ферари не може вистински да се бори со Ред Бул доколку не се направат промени во тактичките проценки од „боксот“ пред се околу пневматиците
„Дефинитивно треба да најдеме начин да работиме подобро со помеки типови гуми – средни и меки. Во Мајами имаше проблеми со средно тврди гуми дури и во бавните свиоци.Претходно имавме очигледна предност во брзите и средните свиоци“ – рече Леклер.
„Во последните две трки во Ред Бул дефинитивно се поуспешни од нас во тој сегмент. Во текот на трките подобро го контролираат моментот со гумите“ – вели Леклер.