КМГ Груп Спорт, агенцијата со големо искуство во реализација на спортски настани од 19 – 24 Јуни, во хотелскиот комплекс „Аквалина“ во Охрид, ќе го организира премиерното издание ракометниот камп „40х20“, како дел од проектот „Ракомет за секое дете“.
Кампот предвидува сегментирани тренинзи за посебни групи на деца поделени по возраст и пол од 13-16 годишна возраст, часови по пливање, едукативни предавања во дел на спортска психологија и начин на исхрана за спортисти, многу дружење и забава. Едуцирани тренери специјализирани за работа со деца од најмала возраст, тренери со највисоки Мастер коуч лиценца за ракометари/ки кои имаат потреба од надградба и професори по психологија и спортска медицина, нутриционисти за комплетирање на секој спортист во комплетна личност.
Секој учесник на кампот, пред самото одржување ќе биде прегледан во „Жан Митрев“ Клиника. Пријавувањето е во завршна фаза а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк https://bit.ly/3uIeLx8.