Со денешните мечевите од полу-финалето кај мажите, ќе започне завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на Македонија кој ќе биде реализиран во салата –„Јасмин“ во Кавадарци.
Од 17.00 часот Вардар ќе излезе на мегдан со Еурофарм Пелистер 2. Мечот ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски од Скопје. Во вечерниот термин од 20.00 часот, Бутел ќе му биде противник на Еурофарм Пелистер. Мечот им е доделен на судиите Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.
Утре во полуфиналните дуели кај жение ќе играат. Од 14:00 часот Куманово –Металург а од 17.00 Ѓорче Петров-Чаир. Финалните мечеви во двете конкуренции ќе бидат одиграни в недела на истата локација.

