Играчот од средниот ред на Арсенал, Мохамед Елнени, го продолжи договорот за уште една сезона. 29-годишниот фудбалер пристигна во Северен Лондон во 2016-та од тимот на Базел. За шест сезони одигра 147 натпревари со ефект од пет голови и 10 асистенции. „Го сакам клубот и го чувствувам како дел од семејството. Сакам да продолжам да играм и многу сум возбуден за иднината“, – изјави Елнени за клупската веб-страница.
Author: dino
Голгетерот на Ливерпул, Садио Мане, не сака да разговара за неговиот договор со „црвените“ пред да се одигра финалето во Лигата на фудбалските шампиони против Реал Мадрид закажано за в сабота. Сенегалскиот напаѓач има обврска да остане на „Енфилд“ до 30 јуни во 2023 година. Неговиот партнер во нападот, Мохамед Салах, кој исто така има договор за уште една година, денеска изјави, дека сигурно ќе остане во четата на Јирген Клоп.
Филип Талески реши да го продолжи договорот со ракометниот состав Вардар. Тој имаше опција „плус една“ која ќе се активира и ќе го задржи во СЦ Јане Сандански и за наредната сезона. Ќе потсетиме дека во меѓу време соработката со актуелниот освојувач на Купот и веројатно новиот шампион, ја продолжија и Борко Ристовски, Тимур Дибиров, Марко Мишевски и Куни Моралес. „Црвено-црните“ ги обезбедија и услугите на средниот бек Божо Анѓелиќ, десниот бек Нејц Цехте, левиот бек Жилберто Дуарте и кружниот напаѓач, Павел Андреев.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, има реални шанси кариерата да ја продолжи во екипата на Реал Мадрид, најавија дел од медиумите во Англија и Шпанија. Наводно, првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, откако не успеа да го ангажира, Килијан Мбапе, сега ќе се насочи кон брзоногиот фудбалер на „граѓаните“. Стирлинг кој игра за Сити од 2015 година и има активен договор до летото во 2023-та, неодамна изјави дека сака да замине надвор од Островот. Според наводите, Реал Мадрид за неговиот потпис ќе понуди околу 50-ет милиони евра.
Карстен Вархолм кој е олимписки шампион, светски рекордер и воедно освојувач на трофејот во Дијамантската лига во 2021 година, најави дека ќе трча на митингот во Рабат. Норвежанецот според програмата првиот настап во трката на 400 метри со пречки ќе го има на 5 јуни во Мароко. Атлетичерот кој минатата година ја освои олимписката титула во Токио со светски рекорд од 45,94 секунди, се надева дека по трет пат ќе триумфира во Дијамантската лига.
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, објави дека тимот го имал најбрзиот болид во неделата на трката во Шпанија и дека светски шампион кај конструкторите во Формула 1 може повторно да се бори за титулата. На тоа реагираше првиот човек на Ферари, Матија Биното, кој објасни дека доброто темпо на Мерцедес треба да се гледа во контекст на условите за време на Шпанското ГП. „Пред се, честитки за Мерцедес бидејќи успеаја да направат чекор напред и да ја подобрат брзината. Мерцедес беше на 0,7 секунди од најдоброто време а патеката во Барселона е кратка. Мерцедес заврши 30 секунди или повеќе зад…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн. Унгарскиот состав Веспрем на нашиот Дејан Манасков во полу-финалето ќе ги одмери силите со Кјелце од Полска. За второто место во финалето ќе се борат шпанската Барселона и Кил од Германија. Така наречниот Фајнал-фор турнир во елитата на Европа ќе биде реалзлзиран на 18 и 19 јуни во „Ланксес“ арената во Келн.
Дефанзивецот на Торонто, Марк Џордано, потпиша нов двегодишен договор, соопшти клубот од Националната хокеарска лига. Договорот на 38-годишниот Џордано е вреден 1,6 милиони долари. Во текот на изминатата кампања, дефанзивецот одигра вкупно 75 натпревари за Сиетл и Торонто во кои постигна осум голови и направи 27 асистенции. Торонто го договори и напаѓачот Колин Блеквел од Сиетл во замена за избор во вториот круг на годинешниов драфт.
Полицијата нема да покрене обвинение против менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира за инцидентот на Гудисон Парк по натпреварот со Евертон. Приврзаниците на „карамелите“ бурно ја изразија својата радост по крајот на мечот. Тогаш камерите на „Sky Sports“ уловија како еден од навивачите му приоѓа на Французинот и прави непристоен гест кон неговото лице. Виеира тогаш го фати за рака а потоа го удри со нога а навивачот падна на земја.
Фудбалерот на Челзи, Кристијан Пулишиќ, во наредните недели ќе се сретне со менаџерот на лондончани, Томас Тухел. 23-годишниот игрча забележа 22 настапи во Премиер лигата во кои постигна 6 гола и 2 асистенции. Тренерот, на крајот на сезоната го пофали Американецот. „Кристијан Пулишиќ беше во иста ситуација како Каи Хаверц. Тие заслужуваат да бидат наградени бидејќи работат напорно и тоа се гледа на теренот“, изјави германскиот тренер.
