Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн.
Унгарскиот состав Веспрем на нашиот Дејан Манасков во полу-финалето ќе ги одмери силите со Кјелце од Полска. За второто место во финалето ќе се борат шпанската Барселона и Кил од Германија.
Така наречниот Фајнал-фор турнир во елитата на Европа ќе биде реалзлзиран на 18 и 19 јуни во „Ланксес“ арената во Келн.