Шефот на Мерцедес, Тото Волф, објави дека тимот го имал најбрзиот болид во неделата на трката во Шпанија и дека светски шампион кај конструкторите во Формула 1 може повторно да се бори за титулата.
На тоа реагираше првиот човек на Ферари, Матија Биното, кој објасни дека доброто темпо на Мерцедес треба да се гледа во контекст на условите за време на Шпанското ГП.
„Пред се, честитки за Мерцедес бидејќи успеаја да направат чекор напред и да ја подобрат брзината. Мерцедес беше на 0,7 секунди од најдоброто време а патеката во Барселона е кратка. Мерцедес заврши 30 секунди или повеќе зад Верстапен. Тоа е темпото на Ферари од претходната сезона“ – вели Биното.