Карстен Вархолм кој е олимписки шампион, светски рекордер и воедно освојувач на трофејот во Дијамантската лига во 2021 година, најави дека ќе трча на митингот во Рабат.
Норвежанецот според програмата првиот настап во трката на 400 метри со пречки ќе го има на 5 јуни во Мароко.
Атлетичерот кој минатата година ја освои олимписката титула во Токио со светски рекорд од 45,94 секунди, се надева дека по трет пат ќе триумфира во Дијамантската лига.

