Филип Талески реши да го продолжи договорот со ракометниот состав Вардар. Тој имаше опција „плус една“ која ќе се активира и ќе го задржи во СЦ Јане Сандански и за наредната сезона.
Ќе потсетиме дека во меѓу време соработката со актуелниот освојувач на Купот и веројатно новиот шампион, ја продолжија и Борко Ристовски, Тимур Дибиров, Марко Мишевски и Куни Моралес.
„Црвено-црните“ ги обезбедија и услугите на средниот бек Божо Анѓелиќ, десниот бек Нејц Цехте, левиот бек Жилберто Дуарте и кружниот напаѓач, Павел Андреев.

