Author: dino

NBA

Кошаркарот на Њу Орлеанс, Зајан Вилијамсон, откако ја пропушти целата сезона поради повреда, ќе може да се вклучи максимално во летните подготовки на НБА тимот. Неговиот состав успеа да се избори за место плеј-офот, но, експресно беше елиминиран од  Феникс Санс. Вилијамсон кој беше избран под број 1 на драфтот на НБА во 2019 година, за три сезони одигра само 85 натпревари бидејќи во континуитет се соочуваше со повреди. 21-годишниот кошаркар има во просек по натпревар: 25,7 поени, 7 скокови и 3,2 асистенции.

Read More

Италијанската Рома која победи во премиерното издание на Конференциската лига на УЕФА ќе инкасира 14,6 милиони евра. Од нив, 2,94 милиони евра за пласманот во групната фаза, 2,15 милиони евра за 13-те бодови освоени (166.000 евра по бод), 650.000 евра за освоеното прво место во групата, 300.000 за пролетните елиминации, 600.000 за пласман во осминафиналето, еден милион за четвртфиналето, два милиони за полуфиналето и пет милиони за победата во финалето против Феенорд. Згора на тоа „римската волчица“ треба да добие и повеќе од 5 милиони за ТВ-правата.

Read More

Утре во Париз ќе биде одиграно финалето во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Француската полиција објави дека ќе бидат ангажирани преку 7000 луѓе да се грижат за безбедноста низ улиците на престолнината. Според проценките, повеќе од 60.000 навивачи на  „црвените“ ќе бидат во Франција, но, најголемиот дел од нив без влезница за финалето.  Во исто време се очекува да пристигнат и околу 30.000 фанови на „кралевите“. Двата клуба добија по 19.618 влезници иако капацитетот на стадионот е 75.000.

Read More

28-годишниот фудбалски напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн, не крие дека е презадоволен од работата на тренерот, Антонио Конте и дека размислува да остане кај популарните – „спарси“. Репрезентативецот на Англија во претходното лето инсистираше да го напушти клубот, но, челниците не му дозволија да направи трансфер во Манчестер Сити. Откако „граѓаните“ неодамна го купија Ерлинг Халан, јасно е дека Кејн не може да се пресели на „Етихад“ и затоа ќе остане на – „Вајт Харт Лејн“ да го одработи договорот кој му истекува во 2024 година.

Read More

Голманот, Давид де Геа, кој има договор со фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед до наредното лето, веројатно ќе ја продолжи соработката со „црвените ѓаволи“ до 2025 година. Според медиумите во Англија, 20-кратниот освојувач на Премиер-лигата и  31-годишниот Шпанец, набрзо ќе објават дека Де Геа останува меѓу стативите. Тоа значи дека искусниот голман ќе биде активен на стадионот – „Олд Трафорд“ најмалку 14 години во континуитет.

Read More

Македонија во почетокот на јуни ја очекуваат воведните мечеви во новата сезона во Лигата на нации. Селекторот, Благоја Милевски, денеска на средба со новинарите, потврди, дека дел од фудбалерите се соочуваат со повреди додека Ердал Ракип, побарал да биде ослободен од приватни причини. „За жал, подготовките  ќе ги започнеме со одредени проблеми.Поради повреда нема да бидат со нас Костадинов и Стефан Ристовски додека Адеми и Јаховиќ јас ги ослободив поради напорната сезона и заморот. Ердал Ракип поради приватни причини бараше да биде ослободен“ – нагласи Милевски со напомена дека повредата на Ристовски е сериозна и дека ќе мора да ги…

Read More

Легендарната американска спринтерка, Алисон Феликс, по осум години од нејзиното прво појавување на Златниот Спајк во Острава, на 31 мај ќе се врати во Чешка. Носителката на 11 олимписки медали која објави дека 2022 година ќе и биде последна во атлетиката, ќе стартува на трката на 200 метри во главниот град на Чешка. Во 2014 година, Феликс победи во Острава во спринтот на 200 метри со време од 22,75 секунди. Истата година таа го освои дијамантскиот трофеј со најдобар резултат во светот од 22,02 сек.

Read More

Заминувањето на искусните Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен ќе го примора тренерот на фудбалерите на Челзи да пронајде соодветни замени во дефанзивната линија. Прво летно засилување на „сините“ треба да биде играчот на Севилја, Жил Кунде а во опција се и Торес од Вилјареал, Гвардиол од РБ Лајпциг и Весли Фофана од Лестер. Медиумите наведуваат дека новиот сопственик на Челзи, американскиот милијардер, Тод Боли, планира за летната селекција да издвои 200 милиони фунти.

Read More

Шампионот на Германија, Баерн Минхен, планира да го задржи Роберт Левандовски и воедно да го ангажира фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане. Мисијата на Баварците нема да биде лесна бидејќи Полјакот кој има договор до летото во 2023 година сака да замине во Барселона додека Мане не сака да каже дали ќе остане кај „црвените“ пред да се одигра финалето во Лигата на шампионите. Баерн деновиве ги официјализираше трансферите на двајца играчи од Ајакс. Тоа се Мазрауи и Гравенбер.

Read More

Египетската тенисерка, Мајар Шериф, се повлече од Отвореното првенство на Франција поради повреда на ногата и тоа по само еден ден откако стана првата жена од земјата на Фараоните која победила во меч од главната ждрепка на Ролан Гарос. 26-годишната Шериф, чиј најдобар пласман е 49 место на ВТА листата ја победи Украинката, Марта Костјук, со 6:3, 7:5 и се пласираше во второто коло на парискиот Грен слем. Таа поради  фрактура на ногата мораше да го предаде мечот со Тамара Зиданшек од Словенија која директно отиде во третата фаза.

Read More